Поранешниот учесник на шоуто „Никад није касно“ Ѓура Џалинац ја загуби најголемата битка за живот и почина по тешко боледување. Пред неколку месеци му беше дијагностициран рак на стомачното ткиво, а по неколку хемотерапии и третмани, неговата здравствена состојба нагло се влоши.
Иако неговите сограѓани, семејството и пријателите ги здружија силите и испратија апел за помош да се соберат средства за неговото лекување во Турција, Ѓура не издржа и го напушти овој свет. Бројни колеги и пријатели со тешко срце се простуваат од Ѓура преку социјалните мрежи каде изразуваат сочувство и тага по повод неговата смрт.
– Не напушти нашиот пријател, другар, брат на микрофон. Тој отиде на подобро место. Немам зборови да ја изразам мојата тага и болка. Искрено сочувство до семејството – напиша поранешниот учесник на шоуто Амел Кардашевиќ-Аки со нивната заедничка слика.
Потсетуваме, Ѓура се прослави во ветеранското шоу каде ги освои публиката и жирито со својот глас, енергија и борбата што ја прикажа на големата сцена. Неговите четири деца и неговата сопруга беа неговата најголема сила, а предизвиците со кои се соочуваше шестчленото семејство со кое живееше како потстанар во Сремска Митровица никогаш не му изгледаа непремостливи.
Дури и кога дознал дека боледува од рак, до последен момент не ја изгубил волјата за живот.
– Лекарите велат дека ракот на абдоминалното ткиво е тешко да се дијагностицира, дека се уште е неистражен до крај, но со помош на терапија сега се подобрува. Упорен сум, ги слушам докторите и сега за сега се добро поднесувам. Порано од болки не можев да се движам ни да спијам, сега фала богу го нема. Се борам и ќе се борам додека можам, имам за кого и за што да истраам во таа борба – изјави неодамна.
Be the first to write a comment.