Има некои моменти кога за фотографите камерата е потешка во раката, а самиот чин на фотографирање е многу теежок. Вакви моменти се и оние забележани во последните часови во Турција и Сирија.
Над 5.000 луѓе загинаа во најновиот официјален извештај, објавен околу дваесет часа по првиот од трите силни потреси, кои беа со јачина од 7,8 степени и беа почувствувани дури до Либан, Кипар и северен Ирак.
Конкретно, најмалку 3.419 луѓе загинаа во југоисточна Турција и 1.602 во северна Сирија, со што вкупниот број на загинати во двете земји се искачи на најмалку 5.021 лице, според официјални и медицински извори. Официјалниот претставник на АФАД, Орхан Татар, на брифинг со новинарите изјави дека 20.426 лица се повредени, додека 5.775 згради се уништени од земјотресот, по што се случиле 285 последователни потреси.
Операциите за пребарување и спасување се изведуваат на студ, дожд или снег, понекогаш со голи раце, за да се спаси секој можен живот: како оној на седумгодишното дете кое беше живо извлечено од урнатините во Хатај на границата со Сирија, пред очите на новинар на АФП, по 20 часа терор.
Ова се 20-те најсподелувани фотографии од земјотресот: Го обиколија и шокираа светот (ФОТО)
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.