Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 21.700 и може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради. Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што го погодија регионот во понеделникот.
Оттогаш спасувачите се тркаат со времето, но со секој час се намалуваат шансите да се најдат преживеани под урнатините. Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.
Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и пет милиони од ранливите групи, според Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колерата во Сирија. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата среде зима.
Турција одби помош од Кипар
Турција денеска одби помош за Кипар, кој не го признава како држава. Кипарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција „учтиво ја одбила“ својата понуда за спасувачки тим да помогне во напорите за пребарување, и покрај тоа што првично прифатила помош. Кипарски тим од 15 спасувачи, лекари и болничари бил во подготвеност од средата.
Кипарското министерство објави дека понудата, иако е одбиена, сепак останува и изрази благодарност до „професионалните спасувачи кои се подготвени да спасат животи насекаде“.
Илјадници турски војници се стационирани на отцепениот север на кипарските Турци од 1974 година, кога Турција изврши инвазија. Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јули 1974 година, пет дена по државниот удар на Кипар извршен од тогашната владејачка воена хунта во Грција, во кој на власт дојдоа поборниците за обединување на Кипар и Грција. Турција е единствената земја која ја признава Турската Република Северен Кипар.
Проблемот со статусот на оваа територија е камен на сопнување за ЕУ, Грција и Кипар од една и Турција од друга страна.
Be the first to write a comment.