Во српското село Бресница, кај Чачак попладнево имало обид за самоубиство со полевање со бензин. Станува збор за трудница, родена 1991 година која е бремена во девет месеци, објавуваат српските медиуми.
– По извршената опсервација била пренесена на одделението во болницата во Чачак со изгореници на рацете, стомакот и нозете. Нејзината здравствена состојба е стабилна, известуваат од Општата болница во Чачак за РИНА.
Иако од болницата известија дека жената е надвор од животна опасност, нешто подоцна нејзината здравствена состојба се искомплицирала и итно била префрлена во Клиничкиот центар во Крагуевац, објави РИНА.
Според медиумите во Србија, станува збор за личност која е бремена по четврти пат. Екипи на итната помош по пријавата излегле на местото на настанот и ја пренеле повредената во медицинска установа.
Откриена причината зошто се одлучила на ваков чекор
Бремената жена Ивана Г., која утрово се полила со бензин и се запалила во селото Бресница кај Чачак, според соседите подолго време трпела малтретирање од невенчаниот сопруг.
Како што велат, Ивана била малтретирана и злоставувана од невенчаниот сопруг, па поради тоа се обидела да се самоубие за да стави крај на маките.
Несреќната жена дошла во селото Бресница, кај Мрчајевац, од Врњачка Бања, каде наводно ги оставила сопругот и трите деца, велат мештаните за Блиц.
Таа живеела во селото со новиот партнер, кој исто така бил разведен, а според соседите, насилникот го оставила и нејзината прва сопруга. Ниту тоа што тој и Ивана чекаа заедничко дете не го спречило да ја малтретира.
Според мештаните, Ивана најверојатно го оставила првиот сопруг поради семејни проблеми.
Be the first to write a comment.