Сопственикот (А.С.) на трите кучиња кои вчера до смрт го искасаа Владан Радосављевиќ е во затвор на издржување на казна, а куќата во која се чувале кучињата не е негова, туку на жена од Франција.
Кучињата кои по трагедијата ги презеде Зоолошка хигиена, биле згрижени од сосетка од Космај. Вишото јавно обвинителство покрена истрага, а дежурниот обвинител нареди обдукција.
Сопругата на Владан, Олга, која се обидела да го одбрани, има полесни физички повреди, каснувања по подлактицата, надлактицата, како и каснување по грбот. Таа е на Клиниката за инфективни болести во Белград.
Да потсетиме, како што вчера напиша Курир, Радосаваљевиќ престојувал во викендица со сопругата. Излегол на прошетка, а потоа го нападнале кучињата. Успеал да ѝ се јави на сопругата која се упатила кон него, но кога пристигнала го пронашла осакатеното тело на Радосављевиќ и три крвави кучиња. Најмногу каснувања имал на нозете и гениталиите.
Кучињата – првото Стафорд, второто мешавина од Стафорд и питбул и трето куче за кое не се наведува расата, излегле од дворот низ отворената капија, а носеле огрлици со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на сопственикот.
Be the first to write a comment.