Еден од двајцата исчезнати Македоци на Халкидики, денеска по речиси 18 часа во море, е спасен, а на брегот беше пречекан со аплаузи, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Според грчките медиуми станува збор за 30-годишниот Иван и тој е во добра здравствена состојба.
Вчера беше спасен 25-годишен Македонец, кој е во добра здравствена состојба, а се уште се трага по 28-годишник од Македонија. Тројцата пријатели биле на Халкидики да прослават роденден.
30 годишникот беше пронајден претпладнево нешто пред 12 часот.
Според информациите на protothema.gr, хеликоптер на воздухопловните сили кој од утрото учествувал во потрагата по двајцата исчезнати лица во Посеиди на Халкидики, во морето, на 14 наутички милји од копно, го лоцирал едниот од двајцата млади луѓе. Потоа го презел блискиот брод под знамето на Гибралтар.
Потоа тој со чамец на крајбрежната стража бил пренесен до брегот за да му биде укажана прва помош, а потоа со возило на Итна помош да биде пренесен во болница.
– Човекот е пронајден жив на 16 милји од Посеиди. Ја продолжуваме потрагата по второто исчезнато лице, изјави за protothema.gr претседателот на ОФКАТ, Христос Рамос.
Неговиот татко и брат учествувале во спасувачката потрага уште од утрото. Потрагата по неговиот 28-годишен пријател продолжува.
Be the first to write a comment.