Девојката Ивана К.(26), која беше пронајдена мртва во стан на Звездара во близина на Белград, најверојатно убиецот ја усмртил гушејќи ја преку лицето со одреден предмет, крпа или перница, јавуваат утрово српските медиуми
Една од најголемите мистерии на ова убиство е тоа што клучот од станот не е пронајден, а вратата од станот била заклучена, па се претпоставува дека убиецот ја заклучил вратата однадвор и побегнал.
Да потсетиме, по добивањето на наодите од обдукцијата со токсикологија, Вишото јавно обвинителство во Белград покрена истрага против непознато лице за убиството на Ивана К., чие тело беше пронајдено на 24 декември.
– Се сомничи дека засега непознатото лице, ѝ го одзело животот задушувајќи ја со давење. Полицијата интензивно работи на расветлување на ова кривично дело и потрага по сторителот – вели извор на Курир.
Како што веќе објавија српските медиуми, првите резултати од обдукцијата на Ивана К. не ја покажале причината за смртта, а на телото на девојчето немало убодни рани или скршеници, ниту пак била скршена хиоидната коска. На нејзиното тело не се пронајдени траги на насилство.
– Лекарот од Итната помош кој ја констатирал смртта, прелиминарно кажал дека белките на очите биле „бели“, а не крвави – вели изворот.
Да потсетиме, Ивана К. била пронајдена мртва во стан на Звездара, а братучедите ја виделе низ прозорецот од станот како лежи бледа на креветот со крената кошула и откопчани панталони, а на вратот имала модринки.
Be the first to write a comment.