Педесет и шестгодишен гимнастичар во Грција попладнево си го одзеде животот со ловечка пушка, јавуваат тамошните медиуми. 56-годишниот кој се соочувал со здравствени проблеми уште од утрото контактирал со некои свои блиски луѓе за да се прости од нив.
Тие вознемирени ја известиле полицијата и почнале со потрагата за да го спречат во намерата. За жал, тој бил пронајден мртов нешто пред 19:30 часот во неделата попладне (30.04.) и според првите информации наводно се застрелал со ловечка пушка, додека според истите информации оставил и проштално писмо.
Тој бил татко на две деца. Истражните органи презедоа прелиминарна истрага, а наредена е и обдукција.
Be the first to write a comment.