Огромни колони возила на грчката страна на граничниот премин Богородица.
Најголемиот број возила се со грчки таблички, со претежно млади Грци, кои саботната вечер ја користат за коцкање во казината во околината на Гевгелија.
За премин вечерва се чека и по 45 минути, а колоните Грци брзаат да ја поминат вечерта во Македонија. Ова е слична, но обратна ситуација од онаа во текот на денот кога колони макеоднски државјани и по еден час чекаа за влез во Грција за таму да го поминат продолжениот викенд.
Освен македонски, во денешните колони на премините кон Грција, можеа да се забележат и бројни возила од Србија и од Косово.
Be the first to write a comment.