Драган Даничиќ и неговата ќерка Милица (6), кои исчезнаа вчера, последен пат биле видени на наплатната рампа Марковац, дознава „Блиц“.

Веднаш по пријавата на сопругата, полицијата започнала претрес во кој биле вклучени ПУ Пожаревац, ПУ Јагодина, Аранѓеловац, Зајечар и УКП.

Тие биле пријавени за исчезнати околу полноќ, а било утврдено дека се исклучиле на наплатната рампа Марковац вчера попладне. Се утврдува трасата на движење на возилото.

– Постои можност да ги посетиле излетничките места околу Бор и Зајечар и да заглавиле некаде, ако некој ги знае непристапните терени во тој крај и има можност да оди на обиколка, ве молам да ме извести. Сино сив хјундаи џип, објавено е на социјалните мрежи.

Мајката на исчезнатото девојче, Марија за „Блиц“ го потврдила исчезнувањето.

– Вчера во 15 часот последен пат се слушнавме, требаше да пристигнат во 19 часот, се јавив во 20 часот и тој беше недостапен и оттогаш нема трага од него – изјави Марија, мајката на исчезнато девојче.

Од Белград тргнале кон Зајечар, кога им се губи секаква трага.