Пронајден е добитникот на Лото 7 и добивка од нешто повеќе од половина милион евра.
“Со голема радост споделуваме дека во овие моменти сме домаќини на добитничката на најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево.
Доста Андоноска од Кичево, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба”, објавија од Државната лотарија.
“Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка. Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата.
Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката”, велат од Државната лотарија.
Вчера тие објавија дека во 95. коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од 32 921 304 00 денари, (околу 535 000 евра). Извлекувањето се реализираше во среда, на 30 ноември (2022 г.), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.
Be the first to write a comment.