Авион, според првичните информации товарен, се урна вечерва кај Кавала во Грција, пишуваат грчките медиуми. Несреќата се случила околу 23 часот, во близина на Кавала.
Според грчките медиуми, авионот бил на комерцијален лет, а немало патници, освен екипажот. Сепак, информациите за тоа се уште се спротивставени.
Во меѓувреме, сајтот за следење летови во реално време flightradar24 ја покажува траекторијата на авионот, кој во еден момент почнал да се враќа кон аеродромот, но не стигнал.
Според командантот на АЦВ, Константинос Ликаракос, авионот, кој најверојатно е товарен и се урна на 40 километри од аеродромот во Кавала на пат од Србија кон Јордан, пријавил штета во атинскиот FIR и сакал да слета во Кавала.
Извештаите покажуваат дека авионот го загубил четвртиот мотор во воздух и се запалил. Останува непознато колку луѓе имало во авионот.
– Сè уште не знаеме што точно се случило. Цело време има експлозии. Луѓето не можат да се приближат поради постојаните експлозии. Не знаеме каков екипаж имал и што се случило со нив. Дали можеби успеале да скокнат со падобран или не. Но, генерално, во вакви случаи, тешко е некој да успее да се спаси, вели Христос Босботис, заменик-градоначалник на Пангаиос, за newsit.gr.
– Работите се уште се многу нејасни. Во целата несреќа, авионот за среќа падна во област со ниски посеви и од падот не беше предизвикан голем пожар и не е загрозена станбена површина. За среќа не падна во населено мести, додава господинот Босботис.
Според градоначалникот на општина Пангеа, станува збор за украински авион кој превезувал муниција.
Be the first to write a comment.