56-годишниот возач Анџело Гамбардела беше еден од илјадниците возачи кои секојдневно патуваат од југот до северот на Италија.

Притоа превезувал свежа храна, а веројатно добро го познавал и автопатот А1 кој го поврзува Неапол со Милано. За жал, тука заврши неговиот живот по несреќата што се случи во неделата околу 7 часот наутро.

На вијадуктот кај Фиренца, камион управуван од 56-годишниот маж се излизга по лизгавиот коловоз. Камионот прво се одбил меѓу оградите, а потоа паднал од надвозникот од висија од 15 метри, рушејќи се на локалниот пат 107.

Таму возилото веднаш се запалило, а за жал возачот останал заробен. Подолу можете да ја видите снимката од камерите од автопатот: