На 28-годишна возраст ненадејно почина најбараниот хрватски модел Патрик Цветко.

Како што објави Стори, Патрик, според неофицијални информации, доживеал епилептичен напад, а веста за неговата смрт ја потврдила неговата пријателка Елена Диздар на својот Инстаграм профил.

– Почивај во мир пријателе, напиша таа.

Цветко почна да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи стана еден од ретките хрватски модели со меѓународен успех.

На Инстаграм го следеа речиси 16.000 корисници, со кои редовно споделуваше фотографии од неговото секојдневие.

📸

📸