Вкупниот биланс на жртви во земјотресот во Турција и Сирија, чиј северозападен дел, исто така, се соочува со сериозен број на загинати од потресот во соседната земја сега изнесува повеќе од 2 300 луѓе

Денеска во временски интервал помал од 12 часа во Турција се случија два потреси со разорна магнитуда. Првиот земјотрес се случи во текот на ноќта додека луѓето спиеја, а беше со магнитуда од 7,8 степени што го прави еден од најсилните земјотреси во регионот во изминатиот еден век. Вториот со магнитуда од 7,7 степени по Рихтер се случи во 13:24 часот по локално време.

Мелиса Салман, која живее во Кахраманмараш, изјавила дека живеењето во трусно подрачје значи оти била навикната на потреси, но дека она што се случило денеска било прв пат да доживее такво нешто. „Мислевме дека е апокалипсата“, рекла Салман за АФП.

Турската агенција за управување со катасторфи попладнево соопшти ндека бројот на загинати во разорниот земјотресот што утринава ја погоди земјата се искачи на 1 498 лица, јавува Би-би-си, повикувајќи се на информациите на новинската агенција АФП.

Со ова, вкупниот биланс на жртви во земјотресот во Турција и Сирија, чиј северозападен дел исто така се соочува со сериозен број на загинати од потресот во соседната земја, сега изнесува повеќе од 2 300 луѓе.

Имено, според податоците на сириското министерство за здравство бројот на загинати во областите под контрола на владата во Дамаск се искачи на 430 лица, додека 1 280 се повредени. Во северозападниот дел на земјата, која не е под контрола на сириската влада, волонтерската организација „Бели шлемови“ – која дејствува во тој регион, соопшти дека животите во земјотресот ги загубиле најмалку 380 лица, а стотици се повредени.

Инаку, денеска во временски интервал помал од 12 часа во Турција се случија два потреси со разорна магнитуда. Првиот земјотрес се случи во текот на ноќта додека луѓето спиеја, а беше со магнитуда од 7,8 степени што го прави еден од најсилните земјотреси во регионот во изминатиот еден век. Потресот бил почуствуван и на островот во Медитеранот – Кипар и во главниот град на Египет, Каиро.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) денеска попладне соопшти дека втор земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погодил округот Елбистан во турската провинција Кахраманмарас. Според извештаите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, вториот земјотрес се случи во 13:24 часот по локално време. Земјотресот бил на длабочина од два километри, на оддалеченост од 67 километри североисточно од Кахранманмараш.

Засега не е познато колкава штета е направена од вториот земјотрес, кој исто така се почувствувал низ целиот регион.

Тулин Акаја, која живее во Дијарбакир, околу 290 километри источно од местото каде што се случија земјотресите, за новинската агенција АФП изјавила дека сè уште се обидувала да се смири од шокот по првиот земјотрес кога се случил вториот.

„Толку сум исплашена. Го почувствував толку силно затоа што живеам на горниот кат. Итавме надвор во паника. Сега не можам да се вратам во мојот стан – не знам што ќе се случи следно“, рекла таа за АФП.

Мелиса Салман, која живее во Кахраманмараш, изјавила дека живеењето во трусно подрачје значи оти била навикната на потреси, но дека она што се случило денеска е прв пат да доживеат такво нешто.

„Мислевме дека е апокалипсата“, изјавила Салман.

Халис Актемур, друг жител на Дијарбекир, беше меѓу првите кои пристигнаа на местото на настанот по уривањето на првата голема зграда во градот и им се придружи на другите кои помагаа да се извлечат преживеаните од урнатините, пишува Би-би-си.

„Успеавме да извлечеме три лица, но двајца беа мртви. По вториот земјотрес не можам да одам никаде. Мислам дека повторно ќе им треба мојата помош“, рекол тој.

По двата разорни земјотреси и големиот број на жртви и предизвикана материјална штета, голем број земји од светот најавија испраќање на помош во разни форми, од парична помош до специјализирани спасувачки тимови.

Министерството за надворешни работи на земјава денеска соопштија за двајца повредени ученици од С Македонија во првиот земјотрес што утрово го погоди југоисточниот дел на Турција, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).