Јелена Вуковиќ (27) од Мојковац загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу 17 часот во кањонот Тара на патот Мојковац – Пљевља во Црна Гора.
По несреќата, едно дете е извлечено живо од провалија, додека во тек е потрагата по уште две деца. Според информации од оваа здравствена установа, детето кое е сместено во болницата во Пљевља е во стабилна здравствена состојба.
– Жената која управувала со автомобилот го загуби животот, се трага по две деца – известија од полициската управа.
Таткото на изјави дека мајката патувала во автомобилот со сите три деца. Децата се на возраст од 2, 4 и 6 години. Обвинителката Сања Голубовиќ по истрагата за подгорички „Вијести“ изјави дека истрагата ќе покаже како дошло до несреќата.
– Возилото било управувано од жена, која настрадала. Во возилото имало три деца. Едно дете е извлечено од кањонот на реката Тара и пренесено во Општата болница во Пљевља, додека потрагата по две деца се уште трае – рече Голубовиќ.
Откако излетал од патот, автомобилот завршил во реката Тара.
Нејасно е како дошло до несреќата бидејќи според очевидци немало траги на кочење, но автомобилот удрил во заштитна ограда и излетал во провалија. Несреќата се случила недалеку од мостот на реката Тара.
Автомобилот се движел од правец на Мојковац кон Шаранци, каде бил таткото и каде се упатиле Јелена и нејзините деца. Во текот на летото, семејството престојувало на село во Шаранци, додека во текот на зимата во Мојковац.
Be the first to write a comment.