Дванаестгодишното дете од Велес, кое во саботата напладне беше најдено без свест, премрзнато и повредно, имало испиено лек за смирување, соопштија од Детската клиника во Скопје.
„Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта“, соопшти директорката на клиниката Стојка Фуштиќ .
Детето било најдено од минувач околу 13 часот, премрзнато и повредено близу Ловното, од задната страна на Ликовниот салон. Екипа на Итната помош му дала прва здравствена нега, констатирала отворена повреда на брада и го префрлила на хирургија во Велешката болница.
„Во болницата е донесено повредено дете, снимките покажале дека има скршеница на долна вилица. Поради спецификата на повредата е пренесено на Детска клиника во Скопје и бидејќи не може да се изврши токсиколошка анализа на крвта во нашата установа“, соопшти д-р Елена Левкова-Ќулумова, портпаролка на Општа болница Велес.
Истрагата на СВР Велес треба да открие што се случило со детето, како и што е причината за тешката повреда.
Be the first to write a comment.