Само еден ден откако фудбалскиот свет беше шокиран од смртта на американскиот новинар Грент Вал на трибините за време на пенал-серијата на мечот помеѓу Аргентина и Холандија, денеска доаѓа информација за нова трагедија на Мундијалот во Катар.

Според порталот „Гулф тајмс“, локалниот фото-новинар на телевизијата Ал Кас, Калид Ал Мусалам, починал додека ги пренесувал возбудувањата од настапот на најдобрите светски фудбалери.

Детали околу неговата смрт засега нема, освен дека таа била изненадна.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот колега. Сите ние на телевизиските канали жалиме за загубата“, пишуваат арапските медиуми.

Ова е втор смртен случај на новинар во рок од два дена од Светското првенство во Катар.

Американскиот репортер Грант Вол почина во петокот навечер додека го следеше натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина. Според официјалната верзија, смртта била последица на бронхитис.