Познатиот фудбалер од Гана, Кристијан Атсу за кого имаше контрадикторни информации поврзани со негово пронаоѓање по силниот земјотрес во Турција, ако може да им се верува на последните информации, извлечен е од урнатините и е пренесен во болница, јавува утрово турскиот весник „Хуријет“.

За Атси вчера првично беше објавено дека е пронајден и пренесне во болница, но таквата информација во текот на вечерните часови беше демантирана од официјално лице на фудбалскиот клуб за кој настапува Атсу, кој синоќа рече дека веста за неговото пронаоѓање е лажна и тој се уште се наоѓа под урнатините.

За среќа, позитивни вести доаѓаат утрово, турските медиуми „Хуријет“ и „Сабах“ пренесуваат изјава од претставникот на Хатајспор, Мустафа Озат кој вели:

– Кристијан Ацу е извлечен со повреди. Нашиот спортски директор Танер Савут, за жал, сè уште е под урнатините. Се приближуваме кон крајот на најопасните часови.