Братот на актерката Хајден Панетиер, Џенсен почина ненадејно на 19 февруари на само 28 години, а сега е откриена причината за смртта.
Семејството излезе со соопштение во кое се наведува дека младиот актер починал од зголемено срце (кардиомегалија) и компликации со аортната валвула, пишуваат странските медиуми.
– Неговата харизма, топлина и сочувство кон другите и неговиот креативен дух засекогаш ќе живеат во нашите срца и во срцата на сите што ги запознал. Медицинскиот истражител соопшти дека ненадејната смрт на Џенсен се должи на кардиомегалија (зголемено срце), заедно со компликации со аортната валвула.
– Искрено ја цениме љубовта и поддршката за нашето семејство додека поминуваме низ оваа незамислива загуба и бараме приватност во ова време на тага. Те сакаме многу Џенсен, и засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, напиша семејството.
Џенсен, кој бил пет години помлад од неговата сестра, тргнал по стапките на својата сестра и се занимавал со глума. Неговата последна улога беше во комедијата Љубов или не од 2022 година.
Во 2008 година, тој доби номинација за наградата млад уметник за неговата работа на „Последниот ден од летото“. Во времето на неговата смрт, тој беше вклучен во пет различни проекти.
Be the first to write a comment.