За пет дена почнува Светското првенство во Катар, а додека некои селекции мака мачат со повреди на фудбалерите, селекцијата на Гана има друг проблем. И тоа бизарен.
Пред два дена репрезентативците стигнаа во Абу Даби, каде што ќе одиграат пријателски натпревар со Швајцарија, што ќе биде еден вид генерална проба пред Мундијалот, но за таа средба немаат опрема!? Како што пишуваат тамошните медиуми, ги заборавиле дресовите и целата опрема.
Првиот план бил од Гане да им пратат опрема директно во Катар, за да ги дочекаат натпреварите од Мундијалот, но прашање е како би играле со Швајцарија. Ја контактирале фирмата која им дава опрема, па им ветиле дека наскоро ќе им пратат дресови во Абу Даби.
Гана така ќе може да заиграат уште на првиот меч против Португалија во своите дресови, а во групата се уште со Јужна Кореја и Уругвај.
Be the first to write a comment.