Резултатите од вештачењето ќе ги расветлат причините за ненадејната смрт.
Шок во грчкиот град Ламија од ненадејната смрт на 23-годишниот студент на Техничкиот универзитет во Атина, Танасис Зервас, кој почина вчера попладне за време на неговиот летен одмор на островот Сифнос.
Според информациите, 23-годишникот со своите пријатели ја посетил познатата плажа на островот, кога од непозната причина, излегувајќи од морето, наеднаш му се слошило и почувствувал нагон за повраќање.
– Се обиделе да му помогнат, но не успеале, бидејќи Танасис Зервас колабирал, губејќи свест на плажата. Веднаш била известена брзата помош да го пренесе во Здравствениот центар на островот, каде што била констатирана смрт, објавија грчките медиуми.
Трагичната вест ја соопшти кардиологот Панајотис Јаковидес со објава на својата Фејсбук страница. 23-годишниот студент бил син на архитектот инженер Димитрис Зервас и докторката Деспина Кунтури.
Резултатите од вештачењето извршено врз телото на 23-годишниот ќе ги расветлат вистинските околности кои довеле до неговата ненадејна смрт.
Be the first to write a comment.