Одбојкарот Еминџан Кочабас (27) загинал како последица на страшниот земјотрес во градот Малатија, потврди неговиот клуб на социјалните мрежи.

За жал, не им се гледа крај на трагичните вести од земјотресот во Турција. Бројот на жртви расте додека ги откопуваат урнатините, а сега на списокот на загинати има уште еден спортист.

Одбојкарот Еминџан Кочабас (27) загинал како последица на страшен земјотрес во градот Малатија, потврди неговиот клуб на социјалните мрежи.

– Со голема тага ја примивме веста дека нашиот одбојкар Еминџан Кочабас го загуби животот во земјотресот во Малатја. Нему и на неговото семејство му посакуваме Божја милост – се вели во соопштението на Ескишехирспор.

Според досегашните податоци, земјотресите во Турција и Сирија однесоа најмалку 7.500 животи, а бројката од час во час расте…