Почина Маја Недиќ (37) која се бореше со метастатски промени на црниот дроб, белите дробови и коските. На крајот на 2021 година и беа дијагностицирани метастатски промени како резултат на примарен рак на дојка, со кој привремено се избори во 2017 година.
Пријателите и роднините на социјалните мрежи се збогуваат со Маја.
– Нека те чуваат ангелите, душо убава. Сега си на подобро место, а во нашите срца ќе живееш вечно, здрава, среќна и насмеана – пишува на Фејсбук.
Маја ја држеше болеста под контрола речиси една година, додека нејзината состојба не се влоши на крајот на 2022 година. Нејзината состојба беше критична, но лекарите веруваа дека можат да и помогнат да закрепне и метастазите повторно да бидат ставени под контрола.
Третманот го продолжила во приватна клиника, каде што е постигнат значителен напредок во лекувањето со примена на потребните терапии, но за жал вечерва ја загуби битката.
Be the first to write a comment.