Фудбалерите на Бразил беа елиминирани од Светското првенство во Катар откако беа поразени од Хрватска (2:1) на пенали. „Кариоките“ пристигнаа во Катар како еден од најголемите фаворити за освојување на Мундијалот, но разочарани се враќаат дома.
Бразилците имаа водство, се во свои раце, а потоа направија необјаснива грешка и примија гол во 117. минута. Во случај да го послушаа Нејмар, ќе ја поминеа Хрватска и сега ќе размислуваа за полуфиналниот меч против Аргентина.
Имено, Нејмар им порача на играчите да не брзаат, да не напаѓаат премногу бидејќи остануваат уште пет минути и дека имаат се во свои раце.
🚨 Brazil players ignoring Neymar's desperate plea vs Croatia is one reason why they were eliminated pic.twitter.com/UF4PpHpkO6
— SPORTbible (@sportbible) December 10, 2022
Како што пренесува бразилскиот новинар Марсио Спимполо, Нејмар во нападот им рекол на соиграчите „Нема потреба да одите во напад, 1:0 е и има уште пет минути“. Соиграчите не го послушаа, а набрзо следеше контранапад на Хрватска и гол на Бруно Петковиќ.
Бразилците нападнаа и се обидоа да дојдат до голот на Хрватите, но следеше шок од блаканската земја. А кога ќе ја погледнете снимката од голот на Хрватска, се гледа дека Нејмар беше во право. Дури шест Бразилци останаа на половината на Хрватска, додека Оршиќ, Петковиќ и останатите тргнаа на контра.
He's not wrong tbf.
Wtf was Fred doing on the goal? Why push up so high with just 5 minutes to go?pic.twitter.com/ObE8lHVvtV https://t.co/QYmyQ1e0jC— 🇵🇹 (@lakeshowutd) December 10, 2022
Be the first to write a comment.