Бразилецот Вагнер Фигуердо де Лима и неговиот сакан коњ Серено биле неразделни. За жал, нивното здружување наеднаш беше прекинато.

Лима (34) почина од повредите здобиени во сообраќајна несреќа недалеку од неговиот дом во Параиба, Бразил.

Десетици членови на семејството и пријатели на починатиот се собраа на неговиот погреб за да му оддадат почит на Лима. Знаејќи колку му значи коњот, братот на Лима, Вандо мислеше дека и Серено треба да биде со него.

Додека ковчегот поминуваше покрај поворката, се чинеше дека Серено знаеше дека неговиот пријател го нема.

Погледнете и споделете го видеото со вашите пријатели: