Снимка од масовна тепачка минатиот викенд во ресторан во Шабац, која се појави на социјалните мрежи, ги запрепасти сите што ја погледнаа и со причина предизвика огромен број негативни коментари.
– На таа снимка има само мал дел од општата тепачка, односно втората рунда кога страстите донекаде се смирија и пред да дојде полицијата на пријавата. На видеото не се гледа пресметката која и претходела, која била жестока бидејќи не се знаело кој кого удира, па ресторанот бил вистинско бојно поле, открива извор за српските медиуми.
Пред крај на работното време, штом музичарите го завршиле последниот блок, како што најчесто се случува меѓу младите, од засега непознати причини, започнала расправија, а потоа и невидена тепачка.
Најмалку десет млади мажи и жени се тепаа меѓу себе со тупаници и нозе, летаа шолји, чаши, пепелници, инвентар од кафеаната… Шанкот се тресеше од врева, пцовки, туркање, закани и врисоци додека келнерите се обидуваа да ги смират и раздвојат раскараните гости.
Оштетен е и инвентарот, а на ѕидовите останале највпечатливите траги на вандализам, пренесуваат српските медиуми.
U Šapcu sinoć u kafani, kafanska tuča.
Poslato sa Vibera pic.twitter.com/WUrDCtjGaj— Petar 015 (@015_petar) February 5, 2023
Be the first to write a comment.