Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината Спутник V против корона вирусот, е пронајден мртов во стан во Москва, јавуваат медиумите.

Андреј Ботиков е еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја.

Тој беше пронајден задавен во неговиот дом во Москва. Истражниот комитет на Русија започна истрага за неговото убиство. Се сомнева дека 29-годишен маж го задавил научникот со појас, а потоа побегнал од местото.

Според официјалните информации, тој наводно бил убиен од разбојник кој упаднал во неговиот дом. Во меѓувреме, полицијата го привела осомничениот и тој ја признал вината. Од 2014 година, Андреј Ботиков работи во Националниот истражувачки центар Гамалеја.

Тој беше во тимот на научници што ја развиваа руската вакцина против корона вирусот. Неговата смрт дојде само две недели откако рускиот генерал-мајор Владимир Макаров наводно извршил самоубиство откако бил ослободен од должноста.

Од почетокот на војната во Украина, голем број високи руски функционери и олигарси се пронајдени мртви под мистериозни околности.