Пејачката Наташа Беквалац важи за една од најпосакуваните жени на регионалната јавна сцена, па затоа има армија обожаватели.

Имено, обожавател на Наташа ѝ испрати духовита порака на Инстаграм во која ја праша дали сака да се омажи за него, на што пејачката набрзина одговори дека се согласува и дека тој е нејзината четврта среќа.

– Од ден на ден почнав да верувам дека ти си мојата сродна душа, не се разведував како тебе, но секоја врска ме зафркна, затоа мислам дека е најдобро јас да те верам тебе, ти да се согласиш и како судир на два баксуза, можеби ќе се тргне оваа клетва што очигледно ни е фрлена – гласи пораката со емотиконот со дијамантски прстен.

Да потсетиме, Наташа зад себе има три брака. Има две ќерки, Хана и Катја.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸