Иан прерасна во исклучително опасен ураган од четврта категорија, објави Националниот центар за урагани на САД (NHC). Но, подоцна објавија дека се очекува Иан малку да ослабне додека да стигне на копното.
Властите повикаа повеќе од 2,5 милиони жители на Флорида да се евакуираат на повисоките места. Најзагрозената крајбрежна област на Флорида е дом на песочни плажи, низа хотели и бројни паркови за мобилни домови, популарни кај пензионерите и туристите.
NHC издаде предупредувања за наплив на бура за поголемиот дел од брегот на Западна Флорида. „Сега е време да се евакуирате. Тргнете на пат“, рече Кевин Гатри, началникот за управување со вонредни состојби на Флорида, на брифингот со новинарите.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, предупреди дека евакуацијата ќе биде отежната за оние кои долго чекаа да се евакуираат бидејќи сѐ посилните ветрови наскоро ќе ги принудат властите да ги затворат мостовите на автопатот.
Powerful storm surge southern tip Pine Island FL eye wall Hurricane Ian @accuweather @ChrisFLTornado pic.twitter.com/Osn1u5kpa4
— Reed Timmer, PhD (@ReedTimmerAccu) September 28, 2022
„Морате да стигнете до повисоките места, морате да стигнете до безбедни структури“, рече ДеСантис, додавајќи дека милиони ќе останат без струја кога ќе дојде невремето. Ако Иан ја погоди областа на заливот Тампа, тоа ќе биде првиот ураган што удара на копното по бурата Тарпон Спрингс во 1921 година.
Currently in Fort Myers, Florida. Video by Loni Architects #flwx #Ian #hurricane pic.twitter.com/8nfncFlG9G
— Kaitlin Wright (@wxkaitlin) September 28, 2022
Речиси 60 училишта во Флорида ја откажаа наставата поради ураганот, изјави гувернерот Де Сантис. Тој додаде дека ширум земјата се отворени повеќе од 175 центри за евакуација, а бројни училишта се претворени во засолништа. Комерцијалните авиокомпании пријавија повеќе од 2.000 откажани летови во САД поради невремето, а аеродромиоте Св. Петербург-Клирвотер и Тампа се затворени.
MAJOR storm surge Pine Island, Florida Dominator Fore Hurricane Ian eye wall pic.twitter.com/WUQHLtaQvi
— Reed Timmer, PhD (@ReedTimmerAccu) September 28, 2022
Be the first to write a comment.