Поради непочитување на работното време кафулето „Интермецо“ од денеска е пломбирано и ќе биде затворено во времетраење од 10 дена.
По поплаки од граѓани дека кафулето не го почитуваат работното време, инспектори на Општина Центар во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат, пред неколку дена извршија контроли и беше констатирано дека истото работи надвор од дозволеното работно време. По изготвениот записник и доставувањето на решението за забрана, кафулето Интермецо од денеска е пломбирано.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во интервју за Телевизија 24 минатата недела објасни дека во општината пристигнувале многу поплаки од жителите на Капиштец за локали за кои неколкупати досега општината изрекла казнени решенија, бидејќи истите иако имале дозвола за кафулиња, работеле како дискотеки.
Герасимовски истакна дека Општината често врши мерења на бучава и досега во повеќе наврати локали добивале високо казни и од по 800.000 денари. Градоначалникот на Центар најави дека во потег на Капиштец наредниот период ќе има засилени контроли како би се ставил крај на овие проблеми со кои се соочуваат центарци.
Be the first to write a comment.