Капитенот на турската ракометна репрезентација, Џемал Кутахја, неговата бремена сопруга Пелин и нивниот петгодишен син Куаинар се уште се под урнатините.
Претседателот на турскиот ракометен сојуз Угур Килиќ е на улицата каде што беше урната зградата во која живееше ракометарот со семејството.
„Имавме состанок со властите за да стигнеме до капитенот на нашата репрезентација и неговото семејство уште од првиот час по земјотресот. Условите се многу тешки. Сепак, има надеж и се надеваме на тоа“, рече тој.
Спасувачите ги расчистуваат рушевините, но нема траги од нив.
Спасувачите успеаја да извлечат шест лица од урнатините во Турција, кои беа живи 101 час по силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на земјата, пренесе АП.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди во понеделник наутро пограничната област меѓу Турција и Сирија, каде живеат повеќе од 13,5 милиони луѓе.
Турската Агенција за вонредни ситуации објави дека е потврдена смртта на 18.342 лица, додека околу 75.000 се повредени.
На сириската страна загинаа повеќе од 3.000, со што вкупниот број на жртви изнесува 21.600.
Be the first to write a comment.