Според последните податоци, најмалку 4.300 луѓе загинаа во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Во текот на ноќта уште еден силен земјотрес се случи во централна Турција, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Последните податоци што ги објавија агенциите од Сирија покажуваат дека таму загинале најмалку 1.444 лица.

Најмалку 5.606 згради се урнаа за време и по земјотресот што рано утринава ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Спасувачките тимови се тркаат со времето за да најдат преживеани.

Во меѓувреме, земјата продолжи да се тресе. Во текот на ноќта во централна Турција се случи уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на длабочина од два километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштението што го пренесе Си-Ен-Ен АНКАРА