Дрво високо околу триесет метри во непосредна близина на ЈП Водовод, се откорнало и паднало во правец на ресторанот Билјанини извори во Охрид.
– Во моментот на местото на настанот имало шетачи – туристи, но за среќа нема повредени луѓе. Причинета е само материјална штета, велат очевидци за OhridNews.
– Се се’ случи во миг, неочекувано. Наеднаш слушнавме силен удар, а дрвото падна на само неколку метри од тезга со сувенири, а околу имаше минувачи, туристи од соседството. Беше страшно. Избегната е трагедија. – вели нашиот соговорник.
Дрвото се откорнало од корен и паднало, најверојатно како последица на обилните дождови кои се сливаат од планината Галичица кон Билјанини извори. При падот оштетен е инвентар од ресторанот.
Be the first to write a comment.