Властите во САД денеска итно го затвориле дел од воздушниот простор над езерото Мичиген, јавија локалните медиуми.

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) ја прогласи областа над дел од езерото Мичиген за „национален одбранбен воздушен простор“, соопшти институцијата.

ФАА не појасни зошто го забранила цивилниот воздушен сообраќај над областа.

Ваков потег последен пат беше виден минатата недела, кога во американскиот воздушен простор беше забележан и соборен кинески шпионски балон.