Ситуација, барем засега, е генерално мирна. Има тензии но нема инциденти. Полицијата направи кордон пред зградата

Се зголеми тензијата на протестот пред Владата. Граѓаните што веќе трета вечер протестираат против францускиот предлог за кревање на ветото на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ ја пробија заштитната ограда и влегоа во дворот на Владата.

По извесно време од зад зградата на Владата се појавија специјални единици на полицијата и направија кордон пред демонстрантите.

Ситуацијата е генерално без инциденти. Барем засега. Иако имаше фрлање со јајца, тоалетна хартија, пластични шишиња со вода.

📸

📸