Хрватски студенти пред неколку дена демолирале хотел во Охрид. Во моментот на инцидентот, имало и студенти од Србија, но според менаџерот на хотелот, агресивни биле хрватските студенти.
– Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјави менаџерот на хотелот во Охрид, пренесува хрватскиот портал 24 сата.
– Имаше студенти на КИФ од Загреб и студенти од Србија. Но, загрепските студенти беа агресивни. Се беше минатата недела. Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки, рече менаџерот на хотелот и додаде дека тие не ја запалиле собата, туку го уништиле инвентарот – ни вели управителот.
На снимката се гледа скршен инвентар на хотелот, скршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален…
Наводно, студентите палеле факели во собите и ходниците.
– Имавме обезбедување кое ја смири ситуацијата, па полицијата не интервенираше. Хотелот функционира нормално и пристигнаа нови групи студенти. Се надеваме дека тоа нема да се повтори – додаваат од хотелот.
Be the first to write a comment.