Најмалку 15 лица загинаа рано утрово кога брод потона во близина на грчкиот остров Лезбос во централното Егејско Море, соопшти крајбрежната стража на земјата.
Од средата, ова е втора поморска несреќа во која учествуваат мигранти. На бродот што потона имало околу 40 лица, соопшти грчката крајбрежна стража, додавајќи дека петмина од нив се спасени. Од морето се извлечени 15 тела, а по 20 се трага.
Бродот потона источно од Лезбос, кој е блиску до турскиот брег.
Брод на грчката крајбрежна стража и хеликоптер на воздухопловните сили се обиделе да ги најдат и спасат што е можно побрзо, но во областа дувале и силни ветрови.
Во тек е потрагата по поширокиот брег на Лезбос по мигранти кои можеби успеале да стигнат до брегот.
Во претходна несреќа, грчките власти спасија 30 мигранти чиј брод потона откако удри во карпи во близина на островот Китира во јужна Грција за време на невремето во средата.
Be the first to write a comment.