Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ.

Епицентарот бил на островот Крит, на длабочина од 21 километар.

На овој земјотрес му претходеше еден со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, претходно денеска посилни земјотреси беа регистрирани во Романија – со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала и Турција со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).