Опсадна состојба вечерва на Каменски и Лемиќ Брдо во хрватскиот град Карловац, објавуваат хрватските медиуми.
Граѓаните известуваат дека овие места се полни со полиција и амбулантни возила, а полицијата потврдила дека е во акција. Засега се уште нема официјална потврда за загинати и повредени лица.
Што точно се случува се уште не е познато, дел од граѓаните на Фејсбук објавија предупредувања дека вечерва на овој простор има многу полиција, но и дека има повредени лица. Она што е сигурно е дека се слушнале истрели од автоматско оружје, неофицијално дознава Радио Мрежница.
Како што пренесува Јутарњи.хр, загинало најмалку едно лице, додека најмалку едно е повредено. Насилникот е постар човек, поранешен ловџија и пензионер, а мештаните велат дека очигледно му „се стемнило“ пред очи.
Очевидци од Лемиќ Брдо и мештани велат дека мажот бил тотално расеан, се шетал по местото и пукал. Според последните информации, тој е совладан од полицијата.
Be the first to write a comment.