Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ денеска изјави дека двете девојчиња кои беа ранети кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба, а во критична состојба е и девојчето повредено во нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Таа за Радио телевизија на Србија изјави дека девојките кои беа застрелани во нападот кај Младеновац и Смедерево се здобиле со повреди на главата и стомакот, како и девојката од Белград, која исто така има неврохируршки повреди.
„Таа е во многу тешка состојба, се што може да се направи, максимално е направена декомпресија, таму беа двајца искусни неврохирурзи. Сè уште правиме се“, рече Грујичиќ, мислејќи на ранетото девојче во ОУ „Владислав Рибникар“, кое се лекува на Детската клиника во Тиршова.
Според неа, оние кои се здобиле со полесни повреди во нападите во Белград и во Младеновац и Смедерево веќе се пуштени дома, но на сите други пациенти најверојатно ќе им биде извршена барем уште една хируршка интервенција.
Во ОУ „Владислав Рибникар“ 13-годишниот ученик К.К. осомничен дека на 3 мај уби осум ученици и работници од училишното обезбедување и рани шест ученици и наставник, додека ден подоцна во околината на Младеновац и Смедерево, 21-годишниот У.Б. осомничен за убиство на осум лица и повредување на 14.
Be the first to write a comment.