Инфокоп јавува дека во моментов на Копаоник има вистинско снежно невреме.

– Моментално пристапот кон Копаоник преку Брзиќ е непрооден и така најверојатно ќе остане во текот на ноќта и претпладнето. Според информациите што ги добивме од Крушевац пут, поради несоодветна зимска опрема, како и поради силно невреме и бурен ветер што создава наноси, неколку автомобили (меѓу кои и еден автобус) во моментов се заглавени на приодот кон Копаоник преку Брзиќ. Механизација е на терен и во моментов се чистат спорните делници – наведуваат на страницата на Инстаграм.

Според читателите на Блиц, најголем дел од посетителите се „заробени“ во своите соби.

– Овде е вистинско невреме, нема мрежа. Никој не излегува надвор, хаос е, затворени сме. Луѓето останаа таму каде што ги затекна невремето – велат тие.

За потсетување, поради снежна бура пропратена со бурни ветрови, од 17 часот и 30 минути е во прекин сообраќајот на патот кон Копаоник од правец на Брзиќ.

Поради снежната бура пропратена со бурни ветрови кои ја намалуваат видливоста и возачите кои тргнале на планина со возила без зимска опрема и заглавиле, делницата од Усек до Јармо беше во застој и се формираа долги колони возила.

Сите патишта кон Копаоник се непроодни

Сите патишта кон Копаоник во моментов се непроодни поради паднати дрвја и големи снежни наноси.