Има потреба од враќање на воениот рок во Македонија, изјави на вчерашното гостување на ТВ 21, началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски.
„Категорично ќе кажам да, има потреба. Знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Има потреба од причина што 3 или 4 месеци служење на задолжителен воен рок, пример, за машката популација, доколку се воведе, не мора да стартува веднаш. Може првите година, две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година на пример. Зошто да не и женскиот пол, доброволно, да може да служи три месеци воен рок“, рече Ѓурчиновски.
Be the first to write a comment.