Автобусите на ЈСП чии линии тргнуваат од централата во Автокоманда, вечерва се префрлени во Транспортниот центар под Железничката станица, откако претходно приватните превозници, кои не возат поради спор околу долг со ЈСП, најавија дека утре своите автобуси ќе ги паркираат пред централата на ЈСП и ќе ја блокираат, објави „Телма“.
Проблемите меѓу ЈСП и приватните превозници предизвикаа хаос во јавниот превоз во главниот град и серија сериозни препукувања меѓу Арсовска и приватните компании кои вршеа превоз во Скопје.
Градоначалничката денеска обвини дека приватните превозници цели пет години не пријавиле ниту еден продаден билет, што беше дочекано со изненадување од првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, кој рече дека тие воопшто не продавале билети, откако им било понудено, но одбиле.
Be the first to write a comment.