Во Основниот кривичен суд во Тетово изречена е пресуда од 15 месеци затвор за анестезиологот Валтон Дервиши. Истиот е обвинет за несовесно работење и неовластено снимање.
На денешното рочиште беа и сведоци, односно лекари и медицински персонал кои биле присутни кога анестезиологот од Гинеколошкото одделение на социјалната мрежа „Тик Ток“ во живо ги пренесуваше снимките од жените во болницата.
Предметот го водеше судијата Назиф Илјази, кој најави дека на Дервиш никогаш досега не му се судело. Во меѓувреме, анестезиологот Дервиши рече дека знае за што го обвинуваат, го прифаќа обвинението и дека се кае за тоа што го направил.
Be the first to write a comment.