Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) вечерва објави продолжение на шокантниот документарен филм „Нечиста крв“, направен по 22-месечно истражување за наводните злоупотреби во клиниката „Жан Митрев“.
Се работи за сведоштво на жена од Велес, чиј сопруг бил подложен на кардиолошка операција во клиниката. По операцијата, сопругот Сашо Сарагинов не се буди од кома.
-Ова е рутинска работа за пет дена, нема простор за плашење и му препорача операција на бајпас, вели сопругата.
На прашањето „Кој доктор го оперираше?“, сопругата одговара, Жан Митрев.
-Кога влегов прво во собата го барав со поглед по креветите, а сум стоела до него, не можев да го препознаам. Никогаш нема да го вратиме таков каков што беше, мозокот е многу настрадан, како атомска бомба да пукнала во него, вели таа.
ИРЛ вели дека Неговата сопруга добива информации дека се случиле некакви компликации и чекале 21 ден хирургот кој го оперирал да дојде и да се соочи со семејството да им каже што се случило.
– Значи 21 ден мојот сопруг немаше дијагноза, вели сопругата.
Целата сторија погледнете ја во видеото:
Како што велат од ИРЛ, во документарецот не можеле да бидат опфатени сите приказни од обемното истражување, па откако тој предизвика вистинска бура од реакции во јавноста, а Јавното обвинителство оформи предмет за случајот, дополнително ќе бидат објавени дел од приказните и сведоштвата на пациенти кои не се нашле во филмот.
„Истражувањето „Нечиста крв“ е базирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово. Нивните потресни сведоштва не доведоа до многу откритија, но обемноста на откритијата не дозволи сите да бидат објавени во документарниот филм. Затоа ја продлжуваме приказната за клиниката Жан Митрев, со сведоштвото на Жанета Сарагинова, чиј сопруг е жртва на лекарска грешка и финансиски малверзации со Фондот за здравство од страна на клиниката“, велат од ИРЛ во описот на видеото.
Be the first to write a comment.