На само ден пред заминувањето за Загреб и дуелот со Динамо од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите се случува нов потрес во редовите на шампионот Шкупи.
– Првата ѕвезда на „гулабите“, Адетунџи Сандеј и стоперот Фаустин во саботата навечер биле физички претепани во еден од најпознатите скопски локали. Двајцата биле удирани со боксови од што се видливи модрици на нивните лица, објави спортскиот портал Спортмедиа.
За да биде скандалот уште поголем, сето ова се случувало во утринските часови кога за фудбалерите на Шкупи владее посебен режим и никој не смее да биде надвор од своите домови по 22 часот.
Фаустин и Сандеј го прекршиле клупскиот кодекс, со денови се однесуваат ноншалантно и сето ова пред најважниот дуел на „сините“ на евро-сцената.
И покрај скандалот и двајцата се во тимот кој утре патува за Загреб каде во вторник од 21 часот го играат натпреварот со Динамо Загреб.
Be the first to write a comment.