– Под влијание на Антициклон (висок воздушен притисок) до самиот крај на оваа недела во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Повремено ќе дува слаб до умерен, а денес и тоа особено долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите од ден на ден ќе бидат се повисоки, како наутро така и преку ден. Наутро уште утре и во четврток ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека потоа ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Уште повисоки температури преку ден ќе имаме во петок, како и за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот дури од 11 до 18 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и напоменува:

– Овие температури се ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината (НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ).

Поради високите температури за овој дел од годината, се очекува ПОЗНАЧИТЕЛНО топење на снежната покривка на планините и на Скијачките центри. Токму поради ова можно е ЗГОЛЕМУВАЊЕ на нивоата на реките и на езерата во Македонија, особено во западните и во северозападните предели каде на планините има најмногу снег.

Во Скопје и околината исто така времето ќе продолжи да биде стабилно, суво и сончево. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -4 и -2 степени, додека преку ден ќе биде се потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 14 степени – објаснува Попоски.