МИЛЕНКО Врачар, поранешен министер за финансии во Владата на Република Српска, е уапсен затоа што ги дупел гумите на соседите, објавија босанските и српските медиуми.

– Тој во моментов е под кривична истрага од полицијата, каде признал дека го сторил она за што е обвинет, пишува Српскаинфо.

Велат дека се’ снимено од безбедносните камери. Бањалука.нет пишува дека му ги дупнал гумите на судијата на Основниот суд во Бања Лука, Миленко Милекиќ.

Инаку, во 2016 година босанските медиуми за Врачар пишуваа дека тој би можел да се најде на списокот на лица од Босна и Херцеговина на кои им е забранет влез во земјите на Европската унија поради помагање во криењето на воените злосторници.