Телото извлечено од реката Дунав во Србија е на Матеј Периш, Хрватот по кој се трага од Нова година наваму.
Обдукцијата покажа ненасилна смрт, велат од српското Министерство за внатрешни работи. 27-годишниот хрватски државјанин исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември лани, кога ги оставил своите пријатели во клубот Готик.
Телото на Периш е пронајдено на 8 километри од место каде го виделе за последен пат, во фармерки и маичка кои што одговараат на она што момчето ги носело кобната вечер. Од личните работи пронајдени се неговиот часовник и мобилен телефон. Последниот сигнал од телефонот на сплиќанецот е регистриран во реката Сава каде се претпоставува дека се удавил.
За првпат кратко се огласи неговата мајка
На мајката на Матеј Периш наводно ѝ се слошило откако вчера дознала дека од Дунав било извлечено тело на млад човек со облека што одговарала на онаа што Матеј ја носел кога исчезнал.
Брзата помош интервенирала, а подоцна ја пуштиле дома, пишува Блиц, чија новинарка денеска накратко разговарал со жената која не дава изјави за медиумите откако исчезна нејзиниот син.
„Ви благодарам, ви благодарам за сочувството“, кратко реекла мајката на Матеј.
Хрватската амбасада во Белград, во соработка со семејството и српските институции, ќе ги заврши сите формалности и процедури потребни за семејството на Матеј Периш да го преземе и да го пренесе неговото тело во Хрватска што е можно поскоро, изјавија од амбасадата за агенцијата Хина денеска.
Be the first to write a comment.